Пиоли: Роналдо е супериорен во однос на Меси, постигна повеќе голови отколку што играше натпревари

Стефано Пиоли верува дека Кристијано Роналдо е супериорен во однос на Лионел Меси.

Поранешниот тренер на Милан го презеде Ал Наср, а вчера го доби првиот меч во Саудиска Арабија – 3:0 против Ал-Итифак.

Кристијано Роналдо реализираше пенал и го постигна 902. гол во кариерата.

– Мислам дека Роналдо е супериорен во однос на Меси затоа што има постигнато повеќе голови отколку што одиграл натпревари, рече Пиоли за време на презентацијата во неговиот нов клуб.

Пиоли претходно го работеше во Милан со кого пред две години ја освои титулата во Серија А.

Back to top button
Close