Писмото на “ елитата!” до Пендаровски е манипулација и најобична конструкција


Дури и да се потпишале (да биле прашани и консултирани, дел од од наведените), како што стои, “близу 200 јавни личности” кои, “со допис се обратиле до претседателот на државата”, тој чин е манипулација и вешта конструкција.
Манипулација е затоа што добар дел од наведените лица (мегу нив и мојата дребност),ниту биле прашани и консултирани, ниту се потпишале на таквиот допис.

Лично разговарав со повеќемина, кои, исто како мене, дознале, дека некој, од апансус зад грб, ги рангирал во интелектуалци, истакнати поединци, еј – “ македонска елита!?”.

Навидум е вешта, а, сепак, провидна, затоа што списокот на наведените започнува со академик Божин Павловски ( со сиот респект кон него и истанатите академици: Ќулавкова, Маџунков….), за да продолжи со универзитетски професори и други поединци од разни области на делување.

Иако дешавката мина без некој позначаен медиски пласман (освен во неколку портали блиски кон еден дел од македонското политички сегментирано општество), самото споменување на претседателот Пендаровски, е доволна причина, истата, сепак, да предизвика одреден интерес и коментари во јавноста.

Мене ми запна в око објавата во порталот Ехпрес.мк.
Реагирав на начин, што, на својот фејсбук профил, ја постирав објавата, со следното објаснување:

ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ И ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ:

Незнам како, и од кого, и јас беше сум бил “почестен” со кфалификативот “елита” !? Ниту сум се чувствувал како таков, ниту прифаќам да бидам таков, ниту пак сметам дека е некоја посебна мудрост да се издвојуваме од народот како интелектуалци, или незнам какви? Неприфаќањето на францускиот предлог е став од мнозинството на народот, посебно од етничките Македонци.

Ако е така, а така е, тогаш, чуму издвојување во елити, интелектуалци, посебњаци….
И уште нешто: моите релации и мојата комуникација со претседателот Пендароски, се само на лична основа – преку социјалните мрежи, како со пријател и, преку официјалната мејл-адреса на Кабинетопт, како со претседател. На посебни, одвоени колективитети, не припаѓам, особено, не партиски, освен на колективитетот – МАКЕДОНСКИ НАРОД И МАКЕДОНСКА НАЦИЈА.

Познавајќи ги колегите кои го уредуваат порталот, а, со кои најдиректно сум соработувал (Димитар Чулев и Роберт Димитриевски), новинари со искуство во релевантни медиуми – од “Нова Македпонија” до “Утрински Весник” и Македонската информативна агенција, очекував дека мојата реакција ќе допре до нив, и, дека, сепак, моето име ќе го изземат од долгата листа македонски “елитисти!”.
Тоа не се случи, те им се обра и на овој начин, да ме симнат од таа “топ листа надреалиста” ( Ноле Карајлиќ)!

Уште еднаш да се разбереме: моите ставови, во однос на францускиот предлог се јавно изнесувани. Не сум воодушевен од истиот, поприлично сум скептичен, моето животно и професионално искуство, не ми дава да купувам ништо на наведино, па ниту “мачка во вреќа!”.

Мегутоа, која е таа непрофесионалност, да не кажам дрскост – некој да те става на списоци и зад содржини, кои ниту си ги видел, ниту си се потпишал. Едноставн, да те употребува и злоупотребува за свои цели.
Чија е манипулацијата и каква е таа?

Или е политичка обланда, или е “новинарска патка”.

Ако е политичка, тогаш, зошто, на пример, на чело на колоната го нема претседателот на МАНУ, академик Коцарев. Ниту “поелитист!” (сигурен сум дека мојот драг охриганец не би се гордеел со ваква кфалификација, напротив, би ја отфрлил), ниту поголем скептик и јавен борец против францускиот предлог и сличните на него!?

Секоја политичка групација би сакала да го има него за предводник, иако ни академик Павловски не е помалку звучен, а верувам деке и тој не би сакал да се одвојува од својот народ во некаква “елита!”.

Се повеќе ми мириса дека е тоа обична “новинарска патка” (израз од времето на нашите помлади години во новинарството со колегата Чулев), искубана и скувана во некпја редакција, која сепак, немала храброст, на невидено да го “тури!” и академик Коцарев.

Уште појасно:некој, или некои, добиле задача (и, не мора, баш, да биле и мои колеги ) да седнат да “протарашкаат” по интернет и особено по социјалните мрежи и, врз осноца на личниот впечаток и проценка, да напртават листа “од скоро 200 јавни личности кои со допис се обратиле до претседателот на државата”.

Но, тоа не е ниту политички коректно (а кој во Македонија мари за тоа!?), ниту професионално достојно, еснафски.
Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close