Питагорејци

Под стаклената купола на пентагоналното здание(поопширно подоцна) на нашиот ткн. Парламент се одржа свечена седница на која е конституиран десетиот состав на највисокиот законодавен дом, откако сме самостојна држава. Бројот десет во нумерологијата се смета за најсовршен број, бидејќи ја содржи единицата која е сеопфатна и нулата која е симбол на материјата од која се потекнува. За Маите овој број претставува крај на еден циклус и почетокот на другиот. Дали и кај нас така, наскоро ќе се увериме.

Питагорејци влегоа во парламентот,кој со служебени возила, кој со приватни се разбира со рефундирање на сметките за бензин и патарина, кој со велеосипед , а и со тротинет. Питагора веруваше дека сите односи во свемирот се сведуваат на односите меѓу бројките(“сите нешта се броеви”). Питагорината теорема за филозофија на броевите им даваше мистични особености. Магичен број за превземање на власта која нашиот Парламентот мора да ја потврди е хексада и монада (61). Хексограмот се сметал за форма на сите форми, артикулација на универзумот и создавач на душите, додека пак монадата, прв непарен број е сметан за божански број, од кој потекнува секоја мисла во универзумот. Нашите Питагорејци и, алијас пратеници, на изборните листи беа бројки, па и нивните партии имаа свои симболи во бројките. Граѓаните заокружуваа броеви, а во Парламентот очигледно влегоа душите на броевите кои во Парламентот треба да го застапуваат народот, кој бројката ја претворил во људско суштество. Но после формирање на владата тие стануваат бројки. Тие се бројки,секако и во преговорите за новиот состав на кабинетот. Тие бројки одлучуваат кој ќе заседне во удобните фотељи во Законодавниот дом во кој ,макар еден мандат, ќе се чувствуваат безбедно. Бројките имаа и употребна вредност. При секое гласање тие се претворуваат во бројки извлечени од партиските спахии, пред гласање, кое е само броење на бројките. Имаме партии кои не ги почитуваат бројките. Предност имаат предрасудите. И се разбира немаат право. И нивните бројки ќе одлучат како ќе изгледа идната влада. Тогаш бројките стануваат премиери, министри, државни секретари, амбасадори. Тие што ќе останат во Парламентот,за жал, пак остануваат некои и привремено бројки за гласање. Некој од Питагорејците ќе бидат во парламентот известен период (до формирање на влада) а потоа ќе ги отстапат своите места на некој среќен број, кој ќе биде кооптиран за пратеник,а бројот кој ја извоевал победата, оди за министер или некоја друга функција. Бројот кој трчал во изборната трка и победил, го губи својот број и добива висока функција. Питагора,ова секако не го предвидел. Платон веќе водел сметка за државата. Така да сегашниот технички МНР ќе остане МНР, доколку бројот 14 создаде влада. Додуша познавам и два (амбициозни) и профилирани противкандидати од партијата која нема да го даде премиерот,како компензација,а и да изченат предрасудите. Неговото беше да истрча и победи во атарот на бројот 1. Тој пак останува број 1, ама сега во дипломатијата, која по сопствено мислење, ја доведе на ниво на совршенство.

Тоа малку време што ќе му остане да пие бенифицирано кафе во собраниската биртија, а во невозможност да има редовни дипломатски акривности, ќе го посвети на реформирање на правосусдството, како сам нагласи, кога веќе успешно ги реши проблемите со соседите (Грција и Бугарија). Што подолго трае неговата пратеничка карирера,тоа се поголеми шансите поглавјето 23, да го завршиме во рекордно време. При тоа малку нека размисли за лицето кое ќе ја предводи РМ во преговорите со Комисијата на ЕУ,сега под Макронски, замало да кажам микронски критеријуми. Му советувам да го следи албанскиот шеф на преговарачкиот тим со ЕУ,амбасадорот Зеф Мази, инаку мој виенски дипломатски пријател. Во доба на короната, МНР, Димитров едвај најде повод да прошета. Во Ниш беше бадијала како впрочем и во Атина за време на “работната” средба со грчкиот супериорен колега Н.Дендиас. Но мора да се остане во патувачка форма. Во меѓувреме му промакна дека новата германска амбасадорка започна со официјалните средби пред да ги предаде оригиналите на акредитивни писма. Веројатно мисли дека е доволно што тој ги прими копиите. Мотивот познат,а протоколот може и да се крши, и тоа речиси секојдневно, (бугарското наопако поставено знаме).

Десетиот состав во склад со нумеролошкото значение,може да биде пресврт во идното функционирање на Парламентот,во кој пратениците нема да бидат повеќе броеви, туку политички образовани, автономни во своите мислења и добри познаватели, не само на домашната ситуација, туку и состојбите и во останатите држави. Нашите Питагојеци се буквално неквалификувани кога се во прашање прашањата од надворешната политика. Соодветна комисија е само параван за одлуките, кои се донесуваат на владата,а по извештаите на нашиот познат дипломатски кадар. Парламентот треба да биде арена на сукоби на мислења,а не на броеви, туку на суштински нешта во надлежноста на Парламентот. Парламентот треба да престане да биде благајна за исплата на ткн. дневници и надомсестоци за стан и комуналии. Улогота на Парламентите во светот расте,кај нас никој не го есапи. Корист имаат Питагорејците претворени во броеви и кои ја познаваат единствено вредноста на бројките со повеќе нули. Народот од Парламемнтот нема аир. За владите до сега беше покритие за сите грешки. Се заборава дека странските дипломати редовно ги следат поважните седници на Парламентот и дека ЕУ и Европскиот парламент со големо внимание ја следат работата на нашиот рогобатен законодавен дом. Тоа го бара бројот десет. Треба да се престане со глорификација на приемот во НАТО, што секако е значајно за безбедноста на државата. Датумот за преговори со ЕУ не е никаков успех. Успехот е полното членство во ЕУ. Нашата дипломатија, посебно МНР,не треба да се изморива трчајќи да лобира за почеток. Тој ќе дојде наскоро. Дипломатијата со членство на РМ во НАТО и почеток на преговори со ЕУ добива друга димензија. И тука броевите се значајни како и во универзумот. Нашата дипломатија не е функционална и квалитетна. Споредете ги МНР на Грција и РМ од 1990 до денес (Грците имале 21 министер,а ние 11). Споредете ги нивните биографии (меѓу останите на Димитров и Дендиас),нивните систематизации во МНР во однос на соседните држави, па ќе ви биде појасна играта на мачка со глушец во спорот со името решен во Преспа,пред тоа да се преспие долг период поповолен за нас во изнаоѓањето на решението. Впрочем,ние погрешивме при изборот на првиот МНР.Имавме, многу познати македонски дипломати,од кои еден беше повикан на непринципиелен разговор.Потоа на двајца наши МНР, првото работно место им беше министерско и заедно во континуитет останаа 11 години како шефови на нашата дипломатија. Нема приоритети. Кадровски е осакатена и нестимулативна. Ја занемаривме улогата на ОН. Мисијата во Њујорк е на потценувачко ниво. Треба да зајакнат Мисиите во Брисел (двете) и онаа во Стразбур.

А сега малку за сторијата за стаклената купола на нашиот Парламент,во која поради коронота се одржа конститувната седница, по обичај недовршена до крај. Пак се плашеа од бројки. Куполата на покривот на зданието изградено во 1938 е поставена во годината позната по архитектонскиот слоган “Скопје 2014”. Идејата беше проширување на одаите на Питагорејците како би можеле во мир и спокој да ги читаат,никогаш прочитаните материјали, кои службите редовно им доставуваат,а и да промуабетат со ликовите од базата кои ги претворија од бројки во фактор.

Идејата за стаклената купола е позајмена од Германскиот Бундестаг,а автор е светски познатиот архитект,Англичанецот Норман Фостер после падот на Берлинскиот зид,а завршена и во функција е од 1999. Трансформацијата на поранешниот Рајхстаг, почиваше на четири поврзани столба: значењето на Бундестагот како демократски форум, разбирањето на историјата,пристапноста до објектот и екологијата. Стаклениот конус овозможува на многубројните туристи да влегуваат во Парламентот и уживаат во панорамата на Берлин. Пленарната пак сала за преку 700 пратеници е симбиоза на едноставност и функционалност. Нашава стаклена,купола правена за Питагорејците како свечена сала е мешавина на етнички обележја со призвук на религиозни симболи. Било како било, нашата стаклена купола не е наменета ниту за туристите,ниту за нашиот плебс, туку за Питагорејците.

Пишува : Ѓорѓи Мисајловски

05.08.20

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close