Почина Ристо Ќорнаков, член на култната група „Зијан“

На 61 година завчера почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), клавијатуристот на култната гевгелиска група „Зијан“. Неговиот последен настап беше на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје, каде со членовите на групата одржаа концерт по 42 години.

Ќорнаков беше љубител на музиката, свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел. Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство.

Ристо беше гевгелиски ученик, гевгелиски лик, гевгелиска естрадна ѕвезда заедно со „зијанците“, мирен и тивок, а маркантен по својата појава и музичко дело, објавуваат од гевгелискиот портал Gevgelija.net

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close