Почина Томико Итока на 117 години, најстара личност на светот
Јапонката Томико Итока, која беше најстарата личност на светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 117-годишна возраст, соопшти денеска функционерот на градот Ашија, Јошицугу Нагата.
Нагата, кој е службеник задолжен за политиките за стари лица, рече дека Итока починала на 29 декември во старечки дом во Ашија во централна јапонска префектура Хјого, пренесе АП.
Итока е родена на 23 мај 1908 година, а минатата година стана најстарата личност на светот по смртта на 117-годишната Американка Марија Брањас.
Кога Итока го прослави својот роденден минатата година, од градоначалникот доби цвеќе, торта и честитка.
Се омажила на 20 години и имала две ќерки и два сина.
Според Геронтолошката истражувачка група, најстарата личност во светот сега е 116-годишната бразилска калуѓерка Ина Канабаро Лукас, која е родена 16 дена по Итока.