Поевтинуваат горивата – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи сите горива од полноќ да поевтинат.
Па така, ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар, додека пак ЕУРОСУПЕР 98+ исто така поевтинува, и ќе се продава по цена од 79,5 денари по литар.
За исто 1,5 денари поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ, и истото ќе се продава по 72 денари по литар.
Екстралесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава за 71,5 денари, додека цената на мазутот за немалува за 1,2 денари, и ќе изнесува 45 денари по килограм.