Покренато обвинение против Ендрју Тејт за трговија со малолетници и перење пари
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот Ендрју Тејт за трговија со луѓе, перење пари, сексуално насилство и влијание врз сведоци.

Британските медиуми пренесуваат дека во обвинението е вклучен и неговиот брат Тристан Тејт, кој е обвинет за соучество во неколку кривични дела.
Браќата Тејт, поранешни кикбоксери со американско и британско државјанство, беа уапсени во Мајами кон крајот на јули откако Велика Британија побара нивна екстрадиција, а потоа случајот беше препратен до Трибуналот во Букурешт.
Обвинителите тврдат дека обвинетите заработиле повеќе од 1,25 милиони долари со сексуално искористување на малолетни жртви.
Според обвинението, помеѓу 2012 и 2021 година, Ендрју Тејт наводно регрутирал малолетничка и сексуално ја експлоатирал во Велика Британија и Романија.
Жртвата наводно била принудена да произведува порнографска содржина, а обвинетиот потоа ги продал тие снимки.
Се додава дека во периодот од декември 2020 до средината на 2021 година, инфлуенсерот имал сексуални односи со друга малолетна жртва, која имала 15 години.
Обвинителите тврдат дека браќата, во периодот од декември 2023 до јули 2024 година, купиле и регистрирале четири автомобили на име на доверливи лица, со цел да го сокријат потеклото на парите добиени од криминални активности.
Побарано е конфискација на четири луксузни автомобили, чија вкупна вредност се проценува на 825.000 евра, како и 1,25 милиони долари, за кои обвинителите тврдат дека потекнуваат од експлоатација на малолетничката.






