Полицајци и приватна фирма за обезбедување со нов тендер го чуваат М-НАВ

Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура.

Полицајци им помагаат на приватното обезбедување на државната компанија за воздушна навигација М-Нав, по инцидентите од 4 јануари,  пренесе Радио Слободна Европа повикувајќи се два независни извори. Интервентна полиција и полицаец во цивилка, сега се дел од обезбедувањето на М-НАВ. Новиот тендер за обезбедување на М-НАВ е во рацете на компанијата 2СС од Кичево.

Потпис на склучениот договор ставиле поранешните директори Фахрудин Хамиди, Љубе Стаменковски и актуелниот Хасим Деари. Оваа компанија и на двата тендера до сега била единствен понудувач, покажуваат податоците од Биро за јавни набавки.

М-НАВ е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај. Таа спаѓа во објект од критична инфраструктура. Оттаму не откриваат детали за тендерот, посочувајќи дека тој е јавно објавен на Бирото за јавни набавки.

Од М-НАВ не одговорија на прашањето зошто како објект од големо инфрастуктурно значење за државата М-НАВ ги обезбедува приватна фирма, наместо свои вработени во компанијата или пак државно обезбедување.

„Ве известуваме дека дека сме во постапка на именување на нови членови на УО на М-НАВ АД Скопје“, се вели во кусиот одговор на маил од М-НАВ.

Приватна фирма да обезбедува објекти од критична инфраструктура само по себе не е спорно, вели полковникот и професор Методи Хаџи Јанев. Но, додава дека ова отвара низа прашања и сомнежи за тоа како е доделен тендерот.

…

Повеќе

Back to top button
Close