Полицаец испукал куршум од службениот пиштол, се повредил во раката
Во СВР Скопје вчера во 13.48 часот било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил во раката.
Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош.