Полицијата во осум европски земји изврши 150 рации во борба против мафијата

Полицијата во осум европски земји денеска изврши рација на 150 адреси во голема, координирана акција насочена кон озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“, соопшти белгиското обвинителство.

„Тоа е веројатно најголемата операција досега спроведена во Европа против мафијата Калабрезе“, се вели во соопштението.

Во рациите се вклучени околу 3.000 полицајци во Италија и 1.000 во Германија.

Back to top button
Close