Полицијата во Шведска рани тројца на демонстрациите за палење на Куранот

Во Шведска во градот Норчопинг, вчера, полицијата рани тројца луѓе во сузбивањето на демонстрациите кои се организирани откако одредени луѓе јавно го запалиле Куранот.

Полицијата и демонстрантите против плаењето на Куранот претходните денови биле вклучени во сериозни судири во кои неколку полицајци се повредени, а повеќе возила се запалени откако данската ексремно десничарска партија Стран Курс најави палење на Куранот.

Насилството почна во четвртокот по инцидентот организирано од Рамус Палудин, водач на данската крајно десничарска партија.

Палудин, кој ги иницираше немирите и предизвика бес ширум Шведска во текот на велигденскиот викенд, од рание познат по инциденти со спалување на Куранот.

„Три лица се повредени со рикошети и засега се во болница. Сите тројца повредени се уапсени поради сомнеж дека уништувале јавен имот и предизвикувале нереди“, наведе шведската полиција во интернетското соопштение, додавајќи дека ни една повреда не е опасна по живот.

Back to top button
Close