Политико: Рубио со двојна функција најмалку шест месеци

Се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио да ја извршува функцијата советник за национална безбедност најмалку шест месеци, а голем број високи советници на американскиот претседател Доналд Трамп се заинтересирани тој ангажман да биде траен, објави Политико, повикувајќи се на тројца високи функционери на Белата куќа.

Еден од изворите на Политко наведува дека двојната улога на Рубио се смета за многу повеќе од краткорочно решение и дека „не е замислена како привремена мерка“.
Според неименуваните функционери, Рубио не ја барал улогата, туку Трамп и неговиот шеф на кабинет, Сузи Вајлс, го замолиле да се вклучи и да преземе „поцелосна контрола“ врз целиот апарат за надворешна политика на администрацијата.

Back to top button
Close