Полската опозиција предлага депортација на невработени Украинци од 25 до 60 години

Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) претстави предлог според кој, доколку повторно дојде на власт, ќе депортира невработени украински државјани на воена возраст, односно лица меѓу 25 и 60 години.

Предлогот беше претставен на програмскиот конгрес на партијата од страна на европратеникот Тобијаш Боченски, кој изјави дека тие лица би имале можност да се вратат и да се борат за својата татковина.

Лидерот на ПиС, Јарослав Качински, подоцна појасни дека предлогот не се однесува на сите Украинци што живеат во Полска, туку само на оние што се на воена возраст и не работат легално.

Според него, враќањето на дел од воено способните мажи би претставувало поддршка за Украина во пополнувањето на редовите на нејзините вооружени сили.

Партијата најави и воспоставување централен систем за евиденција на престојот на странците во Полска. Во базата би се бележеле прекршувања на законите и административните обврски, а акумулирањето одреден број прекршоци, според предлогот, би можело да доведе до депортација.

Предлогот доаѓа во период на внатрешни превирања во ПиС, откако дел од пратениците ја напуштија партијата по несогласувања со партиското раководство.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close