Полски свештеници организирале оргии во зградата на парохијата

Полските медиуми јавуваат дека неколку свештеници во градот Даброва Горница организирале оргии во зграда што и припаѓа на парохијата. Според локалните медиуми, сексуалната забава се случила во стан кој го користел еден од свештениците. На оргиите имало и жиголо, кој завршил во несвест и првично му била одбиена лекарска помош, пишува порталот „Ноуц фром Поланд“.

Поради оргијата во базиликата, полскиот бискуп Гжегож Кашак напиша писмо во кое јавно се извини за „болните настани во епархијата“. Писмото на бискупот било прочитано на миса во црквите низ епархијата.

Обвинителството најави истрага за овој настан, а што се случило не соопштуваат ниту црквата ниту обвинителството. Локалната епархија соопшти дека некои аспекти од медиумските извештаи се неточни.

Минатата недела, Газета Виборца, водечки либерален дневен весник, објави дека свештениците во Даброва Горница, град во јужна Полска, организирале забава во парохиска зграда на која била поканет машки сексуален работник.

„Инцидентот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот. „Неговите учесници земаа лекови кои ја зголемуваат потенцијата.

Газета Виборца објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, по што морале да се јават на брза помош. Меѓутоа, кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа, наводно, повикале полиција, која им помогнала да стигнат до онесвестениот маж.

Back to top button
Close