Поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Како што наведуваат во кусото соопштение, поради врнежите од снег од 19.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
– Од 19. 45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.