Поранешниот конгресмен Сантос осуден на седум години затвор за измами и кражба на донации

Судот во Њујорк денеска го осуди поранешниот конгресмен Џорџ на 7,3 години затвор поради измама, кражба на донации и лажно претставување во изборната кампања.

Сантос, кој во 2022 година доби место во Конгресот како републиканец, призна вина за финансиска измама и злоупотреба на идентитет.

 

Федералниот судија Џоана Сајберт изјави дека Сантос не се покајал.

 

Покрај затворската казна, Сантос треба да плати и речиси 580.000 долари.

 

Обвинителите го опишаа Сантос како „патолошки лажго“, кој лажно се претставувал како успешен бизнисмен со искуство во банките „Ситигруп“ и „Голдман Сакс“. Тој користел украдени кредитни картички, вклучително и од постари лица, за да донира во својата кампања и финансира луксузен животен стил – вклучувајќи хотели во Лас Вегас и купувал „Луј Витон“.

Сантос, кој беше исфрлен од Конгресот во декември 2023 година, заработил над половина милион долари преку апликацијата „Камео“ и неговиот документарен филм, но жртвите не биле обесштетени. Обвинителите исто така истакнаа дека тој и натаму избегнува одговорност, па дури и тоа дека во свој поткаст се претставувал како жртва.

Сантос треба да се пријави во затворот на 25 јули. Тој е првиот член на Претставничкиот дом што бил исклучен без претходна судска пресуда, и такво нешто се нема случено од времето на Граѓанската војна.

Back to top button
Close