Поранешниот украински претседател Јанукович осуден на 15 години затвор
Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, доби 15 години затвор од судот во Киев, поради нелегално премнување на државната граница и поттикнување за дезертирање, објавуваат украинските медиуми.
„Окружниот суд Подилски го осуди поранешниот претседател Јанукович на 15 години затвор под обвинение за нелегално преминување на граница и поттикнување на дезертирање. Покрај тоа судот го осуди Константин Кобзар, заменикл шеф на Државната гарда и шеф на претседателската служба за безбедност на 1 години затвор“, рече обвинителот во случаите, Денис Иванов.
Изречените казни одговараат на казните кои ги бара обвинителството.
Во јуни 2022 година, Државното истражно биро поднесе обвинение против Јануковиќ и неговиот шеф на обезбедувањето Кобзар. Инспекторите отркиле дека на 23 февруари 2014 година околу 1:30 часот, Јанукович незаконски пренел 20 лица преку државната граница, надвор од законски воспоставени гранични премини, користејќи три хеликоптери на руските вооружени сили кои полетале од Русија.
Самиот Јануковиќ на 24 февруари ја напуштил украинската територија по море, а потоа не се вратил на своите воени должности.