Пораст на интересот на граѓаните на ЕУ за европските избори – загрижени се за безбедноста на Европа

Истражувањата на јавното мислење во пресрет на европските избори во јуни покажуваат значителен пораст на интерeс на граѓаните на ЕУ за составот на новиот Европски парлемент.

Околу 41% од Европејците велат дека имаат позитивен став во однос на Европскиот парламент – пет процентни поени повеќе во споредба со пред шест месеци, додека 56% исто така би сакале Парламентот да игра поважна улога во нивните животи, зголемување за три проценти од минатиот септември.

Резултатите од ова пролетното истражување на Евробарометарот исто така, откриваат зголемен интерес кај граѓаните за претстојните европски избори. 60% од испитаниците велат дека се заинтересирани за следните избори – или 11 процентни поени повеќе во споредба со истото време во 2019 година непосредно пред изборите.

Студијата покажа дека овој општ растечки интерес за Европа е тесно поврзан со сеопфатните геополитички тензии.

Ова зголемување на интересот е уште позначајно во земјите директно погодени од руската војна против Украина: Веројатноста за гласање во Чешка е зголемена за 28 процентни поени во споредба со пред пет години кога тој процент беше 58. 74% од испитаниците во Романија (+19 процентни поени) изразиле интерес за овие избори, 79% во Финска (+18 процентни поени) и 70% во Полска (+18 процентни поени).

Заедничката одбрана е главната преокупација на европските граѓани кога стануицва збор за овој европски изборен циклус.

Одбраната и безбедноста на ЕУ по првпат се најдоа во првите три клучни грижи на Европејците – На првото и второто место се само борбата против сиромаштијата и поддршката на јавното здравје.

Евробарометарот е истражување кое се врши ширум ЕУ и кое редовно го следи јавното мислење во 27 земји-членки од 1973 година. Како дел од овој нов бран податоци, меѓу февруари и март беа интервјуирани преку 26.000 луѓе.

Борјан Јовановски

 

Back to top button
Close