Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожарот источно од Лос Анџелес

Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожар што гори источно од Лос Анџелес, што предизвика наредби за евакуација и вонредна состојба во Јужна Калифорнија, соопштија локалните власти.

Пожарот, кој избувна во четвртокот источно од Сан Бернардино, до вчераутро уништил површина од 17.459 хектари, според Калифорниското одделение за шумарство и спречување пожари, јави Еј-Би-СИ Њуз.

Властите почнаа да издаваат наредби и предупредувања за задолжителна евакуација и прогласија локална вонредна состојба откако пожарот изгоре повеќе од 7.000 хектари во саботата

Back to top button
Close