Повеќе од десет милиони заразени и над половина милион починати од коронавирусот во светот

Според последните податоци, во светот до сега има вкупно 10.496.151 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 510.597, а оздравеле 5.723.866 луѓе.

-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, а почина едно лице. Бројот на заразени лица се зголеми на 3.409, а на жртви на 192.

-Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти два нови случаи на Ковид-19, вкупно 998 од почетокот на епидемијата.

– Нови 69 заболени со Ковид-19, оздравени 25 и тројца почнати е билансот од епидемиолошката состојба во Албанија во последното деноноќие за кое се прави преглед на состојбата. Попладнево почина и познатиот хематолог, професор доктор Арјан Пуши, кој директно бил вклучен во справувањето со пандемијата во Инфективната клиника. Од почетокот на пандемијата во оваа земја направени се 27.034 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 2.535 од кои пак активни на болеста се 1.014 лица.

– Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 122 заболени, а вкупно досега, според последниот официјален извештај, има 2.799 заразени. Од нив 49 починале, додека 1.506 се излекувани, од кои вчера 81. Бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.244. Вчера се извршени 232, а од почетокот на пандемијата, вкупно 23.570 тестирања.

– Во Перу се потврдени 2.946 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број заразени достигна 282.365, соопшти Министерството за здравство на земјата. Починале уште 187 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата на коронавирусот достигна 9.504.

– Во Русија се потврдени уште 6.693 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 647.849, соопшти денеска кризниот центар надлежен за борба против коронавирусот. Русија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил. Во последните 24 часа, од коронавирусот починале уште 154 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.320.

– Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија денеска достигна 4.831, откако беа пријавени уште 140 нови случаи во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата coronavirus.bg. Од Ковид-19 починале уште четири лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 223.

– Јапонија регистрира 111 нови случаи на коронавирус, а земјата веќе втор ден пријавува повеќе од 100 нови случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во Јапонија досега се потврдени 19.305 случаи на коронавирус, а 985 луѓе починале од почетокот на епидемијата.

– Во Унгарија потврдени се уште 10 случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени е 4.155. Нема смртни случаи во последните 24 часа, со што таа бројка остана на вкупно 585, објави владината веб-страница coronavirus.gov.hu.

– Во Кина се потврдени 19 нови случаи на коронавирусот, додека претходниот ден имаше 12, објави Националната здравствена комисија. Нема нови смртни случаи. Од новозаразените седум се потврдени во Пекинг, кој се бори со нов бран на епидемија на коронавирусот.

– Во Црна Гора се регистрирани уште 47 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата достигна 177. Во последните 24 часа починало едно лице, па вкупниот број на смртни случаи достигна 12.

– Во Германија се потврдени уште 498 случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени е 194.259, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох”. Од Ковид-19 починале уште 12 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 8.973.

Back to top button
Close