Повеќе вода за поделотворно слабеење


Внесот на вода е важен за целокупната благосостојба на организмот, а може позитивно да влијае и на слабеењето. При активни обиди да се намали тежина, зголемувањето на внесот на вода може значително да влијае на губењето килограми.

Нутриционистката и диететичарка Сушма Џајсвал за „Дејли мејл“ вели дека кога се пие вода во текот на денот треба да се земат предвид факторите на возраст, пол и тежина, но советот и препораката е да се пијат четири до осум чаши вода дневно. Кога станува збор за слабеењето, случајот е малку поинаков. Нутриционистката, во тој контекст, истакнува дека мажите кои се обидуваат да ослабат треба да пијат од 10 до 13 чаши дневно, а жените – осум до девет чаши на ден.

– Ако пиете една до две чаши вода пред оброк, тоа има извонредно влијание врз слабеењето бидејќи тогаш сте склони да јадете помалку храна. Ако пиете вода пред оброк, ќе внесете помалку калории поради намалената глад, што на крајот помага при управувањето со тежината и губењето килограми со текот на времето, вели Џајсвал.

Доколку, пак, не сте „преголем љубител“ на вода, нутриционистот препорачува да додадете малку сок од лимон или бобинки во водата, заради вкус. Сепак, стручњакот советува да не се купува вода со вкус, бидејќи таа содржи шеќери.

Back to top button
Close