Повредениот кажа дека додека се движел пеш од возило излегол Б.Б. и пукал кон него
А.Б. (19) од Скопје, е лицето што синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, откако во него било пукано од лице кое излегло од возило.
-Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.
Синоќа МВР информираше дека околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат