Повторно отворени продавниците во Велика Британија

 Голем број продавници во Велика Британија, чии артикли не се најпотребни, денеска се отворени, првпат од март, кога беа воведени рестриктивните мерки поради пандемијата со новиот коронавирус.

Купувачите се придржуваа до правилото за физичка дистанца, што беше еден од условите за безбедно отворање на продавниците. Но, кабинте во продавниците за облека и понатаму се затворени.

Компаниите очекуваат намален број на купувачи во своите продажни објекти, а голем број што чекаа пред една продавница на „Епл“ во центарот на Лондон, дошле за поправка или за враќање на производите што ги купиле претходно.

Во Велика Британија регистирани се 295.889 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 41,698 починале.

Back to top button
Close