Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“


Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Овој договор носи бројни предности и за самите компании и за земјите, меѓу кои и подобрување на транспортот на стоки, финансиски раст и поефикасен железнички сообраќај.

– Advertisements –

„Благодарение на оваа соработка, протокот на стоки од грчките пристаништа, како Солун и Пиреја, преку Северна Македонија и Србија ќе стане побрз и поефикасен, со што ќе се овозможи подобар транзит кон Европската унија. Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси. Со закуп на дополнителни локомотиви, ЖРСМ Транспорт го зголемува капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој во голема мера минува низ Србија.

Истовремено, „Србија Карго“ а.д. заработува дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железниците на Северна Македонија обезбедуваат ефикасен транспорт на транзитни возови со нивно закуп, вклучително и возови на големи компании како Коско, што обезбедува континуитет на сообраќајот низ Србија.

Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Република Србија и Северна Македонија“, соопштија од „Србија Карго“.

Back to top button
Close