Повторно воспоставен меѓународниот железнички сообраќај од и до Словенија

– По неколку месеци прекин поради епидемијата со новиот коронавирус, повторно е воспоставен меѓународниот железнички сообраќај во и од Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

По избивањето на пандемијата Словенија на 16 март  одлучи да ги запре возовите како една од мерките за спречување на неконтролираното ширење на Ковид-19. Со одлука на Владата на 11 мај повторно, но по строги услови, беше воспоставен домашниот железнички сообраќај, по што од денеска е дозволен и меѓународниот.

По примерот на соседна Хрватска, официјална Љубљана објави дека се отвораат и преостанатите гранични премини кон Италија, каде што бројот на новозаразени со Ковид-19 значително опадна, а епидемиолошката слика на државата е далеку подобра во споредба со минатите месеци.

Back to top button
Close