Пожар избувна на лет со 140 патници – авионот бил принуден итно да слета!


Авионот на хавајската авиокомпанија „Хаваи ерлајнс“ бил принуден принудно да слета откако за време на летот се запалил мобилен телефон, пишува британски „Мирор“.

Авионот „Ербас А330“ полетал од Хонолулу и морал да слета на аеродромот Ханеда.

Инцидентот за време на летот се случил додека во авионот имало 140 патници. Причина за пожарот е мобилен телефон.

За среќа персоналот брзо реагирал и мобилниот бил ставен во огноотпорна кеса. Пожарот не се проширил низ кабината.

Back to top button
Close