Пожар избувна по инцидент во воена база во канадскиот град Вејнрајт, има жртви

Во голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт настрадаа засега непознат број луѓе, соопшти денеска локалната општинска администрација во тој град.

Соопштено е дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, пренесува Си-Ен-Ен.

Пожарот започнал во база во Вејнрајт, град во источна Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, наведе општинската област во објава на Фејсбук.

Back to top button
Close