Пожар во министерството за култура, вработените евакуирани

Соопштение од Министерството за култура

Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат. Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено. Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.

Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста- стои во соопштението на министерството.

Back to top button
Close