Пожар во РЕК „Битола“, нема повредени
06.11.2021 09:15
927 Читање помалку од 1м
Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола вечерва во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени, информираа од АД Електрани на Северна Македонија.
Од компанијата информираат дека пожарот избил во еден од двата блока што биле во функција.
„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК ‘Битола“, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50 часот, на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“ – се наведува во соопштение од АД ЕСМ.