Пожарот во Словенија на границата со Италија не се смирува, помош испратија неколку европски земји

Големиот пожар во регионот Крас во Словенија, на границата со Италија, не се смирува. Откако пред два дена огнот пристигна од италијанска територија, вчера словенечките служби успеаја да го стават под контрола, но денеска тој повторно се разгоре.

Според проценките, досега зафатил површина поголема од 2 000 хектари, а за очајната состојба на терен говори и локалното население.

„Моментално состојбата е очајна, пламените јазици се повисоки од боровата шума за три пати, се е задимено и близу до куќите“,

вели локалниот жител Тадеј Рогељ во изјава за словенечката државна телевизија.
Ова е еден од најголемите пожари во историјата на Словенија, а во гаснењето ангажирани се пожарникари од сите делови на земјата, додека помош во хеликоптери и канадери испратија и Италија, Хрватска, Австрија и Словачка. Словенечката армија на Твитер објави дека потрошила половина милион литри вода за гаснење на пожарот

Претходно денеска, словенечката цивилна заштита нареди евакуација на околу 400 жители од трите села Војшчица, Теминца и Новел

Back to top button
Close