Правнукот на Гоце Делчев апелира за достоинствен 4 февруари

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Кон апелот се приклучуваат внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на војводата Тодор Александров , внукот на штиипскиот војвода Мише Развигоров и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христо.

„Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, ​​се наведува во апелот.

Исто така, се вели: „Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“, пренесе БТА.

Петар Стојанов и потомците на македонските семејства ги повикуваат политичарите во Софија и во Скопје „да соработуваат со сите сили за спречување на јазикот на омразата, кој е штетен за нашите две општества и за иднината на нашите две земји“.

Неофицијално, во македонските политички кругови не се очекува да има некаква ескалација на насилство, па ни инциденти на 4 февруари кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев, а на провокаторот Ангел Џамбаски нема да му биде дозволен влез во Македонија.

Back to top button
Close