Прегазил малолетничка и побегнал – Девојката тешко повредена, возачот уапсен

Девојката е тешко повредена, а возачот е уапсен.

„На 11.10.2024 во 23.00 часот во полициската станица Радовиш било пријавено дека на булеварот Александар Македонски во Радовиш, патничко возило фолксваген пасат со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип. По преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12.10.2024 и со него бил извршен службен разговор“, соопшти полицијата.

Полоциските екипи извршиле увид, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close