Премиера: Новата генерација на БМВ Х5

– БМВ го претстави најновото издание на X5. Оваа генерација носи значителни промени во големината, дизајнот и дигитализацијата, нудејќи комбинација на моќен став на патот и врвен комфор.

Визуелно, X5 изгледа многу моќно и модерно, инспириран од новиот “Нова Класа” дизајнерски јазик на брендот. На предниот дел се истакнуваат препознатливите вертикални бубрези и специфичните дневни светла во форма на буквата „X“. Еден од најинтересните детали е целосното отстранување на класичните рачки на вратите. Наместо нив, поставени се специјални „крилца“ чувствителни на допир, кои овозможуваат автоматско отворање и затворање на вратите.

Внатрешноста е фокусирана на дигиталната технологија и луксузните материјали. Пред возачот се протега масивниот панорамски “Ај-Драјв” екран на БМВ, а свој посебен дисплеј може да добие и совозачот. Благодарение на зголеменото меѓуоскино растојание, просторот на задната клупа е значително поголем, каде што патниците имаат и безжични полначи за телефоните.

Новиот X5 се одликува со голема разновидност под хаубата, нудејќи пет различни погонски опции:

·         Бензинец (X5 40): 3.0-литарски мотор со 400 коњски сили.

·         Дизел (X5 40d): Моќен шестцилиндричен дизел со 313 коњски сили.

·         Хибриди (50e и M60e): Плаг-ин верзии со моќност од 489 до 612 коњски сили, кои овозможуваат околу 100 километри возење на струја.

·         Електричен (iX5 60): Целосно електричен врвен модел со 578 коњски сили, голема батерија и импресивен домет кој според најавите ќе достигнува до 800 километри со едно полнење.

Новиот БМВ X5 се очекува да пристигне во продажните салони во третиот квартал од оваа година.

Back to top button
Close