Премиерот Спасовски негативен на коронавирус, останува во домашна изолација

 Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека тестот за коронавирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.

-Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, напиша Спасовски на ФБ.

На сите кои се соочуваат со вирусот тој им посакува брзо оздравување и апелира сите да ги почитуваат мерките, за, како што вели, да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени.

Back to top button
Close