Претседателката за односот на министерката Кочовска кон пратеничката Петровска: „Не е лошо човек некогаш да се извини“
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за навредите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието деновиве кон пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, рече дека „не е лошо некогаш човек и да се извини“.
Претседателката вели дека сите политичари, меѓу нив и пратениците, треба да внимаваат на говорот.
„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера – тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.
Министерката Димитриеска Кочоска од собраниската говорница ѝ порача на пратеничката Петровска дека нема право да зборува за месечните потреби на четиричлено семејство бидејќи нема деца и живее сама, што наиде на осуда од партијата на Петровска, СДСМ, но и од низа организации и јавни личности.
„За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши?“, рече Димитриеска-Кочоска во обраќањето кон Петровска, која најави тужба за дискриминација.
Инаку, за трошоците за живот, настана дебата околу одредени намирници, по што Кочоска ја праша Петровска врз основа на што ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство, кога нема деца. нагласи дека е мажена и дека има два сина. По ова од СДСМ, бараше Кочоска да се извини, но таа тоа не го стори и побара сличајот да се затвори. Подоцна Кочоска праша кој треба да се извини, дали тоа треба да се го направи жена која макотрпно се борела да ги роди.