Претседателот на Албанија отиде на аџилак


Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, пристигна во Џеда, Саудиска Арабија за реализација на петтиот столб од исламот – аџилакот.

Претседателот Бегај беше пречекан на меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ од принцот Сауд бин Абдула бин Џалави, гувернер на Џеда, како и други саудиски функционери.

Тој е еден од над 1,5 милиони аџии од целиот свет кои веќе се пристигнати во Саудиска Арабија за ритуалите на хаџот.

Тој по завршување на сите ритуали во Мека и Медина добива титула Хаџи Бајрам Бегај.

Педесет и девет годишниот Бегај, пред изборот за шеф на државата беше Началник на Генералштабот на албанската армија, тој е висок воен старешина, а целиот работен век го минал во армијата.

Back to top button
Close