Претседателот на САД го одбележа Денот на сеќавањето

– Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска учествуваше на два настана по повод празникот Ден на сеќавањето – ги посети Воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија и историската тврдина во Балтимор, Мериленд.

Поради пандемијата, програмата на посетата на воените гробишта беше скратена и претседателот само положи венец со свежи цвеќиња на могилата на незнајниот војник.

Во церемонијата учество земаа првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, министерот за одбрана Марк Еспер, претседателот на Заедничкиот комитет на началниците на штабовите, генералот Марк Мили и други високопоставени официјални лица.

Трамп денеска одржа говори во Форт Мекхенри, каде американските војници извојувале победа над Британците за време на војната во 1812 года. Во чест на оваа победа испеана е песната „Знаме засипано со ѕвезди“, која потоа стана химна на САД.

Градоначалникот на Балтимор, демократот Бернард Џек Јанг, ја осуди одлуката на Трамп да дојде во градот.

-Претседателот дава лош пример на граѓаните во ситуација кога власта повикува тие да останат дома.

Покрај тоа, според него, Балтимор нема вишок пари за организација на претседателска посета, бидеќи поради пандемијата градот губел по 20 милиони долари месечно.

Од Белата куќа изјавија дека „храбрите мажи и жени кои со генерации ја бранеле нашата слобода не седеа дома, па и претседателот нема да седи, а ќе оддаде почит за нивната жртва со посета на ова историско место“.

Денот на сеќавањето е празник кога Американците помнат и ги слават американски војници паднати на боиштата дома и насекаде низ светот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close