Претседателот на Јужна Кореја нареди „насилно отстранување“ на пратениците од Парламентот
Командант на јужнокорејската специјална воена единица денеска изјави дека претседателот Јун Сук-јол му наредил „насилно да ги отстрани“ пратениците од Парламентот, откако прогласи воена состојба на 3 декември.
Тој прецизира дека на 1 декември добил наредба да се подготви за отцепување на зградите на Парламентот, на Изборната комисија и на штабовите на опозициските партии.
Во меѓувреме, министерот за култура и владин портпарол Џу Ин-чон побара опозициските партии да го повлечат своето барање за отповикување на функционери за да се избегне владиниот вакуум.
Во исто време, владејачката партија денеска разговара за евентуална оставка на претседателот Јун, која би можела да биде поднесена во февруари. Причина за тоа е политичкиот пресврт, кој настана откако шефот на државата прогласи воена состојба. Претседателски избори би можеле да се организираат во април или мај.