Претставата „Црна дупка“ на струмичкиот театар најдобра на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“
- Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување во целина на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградите на денешната прес-конференцијата ги соопшти меѓународното жири во состав Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател, Марина Катниќ Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ, членови.