Припадници на српската специјална полиција синоќа го убиле припадникот на вахабистичкото движење Сенад Рамовиќ Бецан

Припадници на српската специјална полиција синоќа го убиле припадникот на вахабистичкото движење Сенад Рамовиќ Бецан, јавија српските медиуми.

Според засега непотврдени информации, тој бил ликвидиран при обид за апсење во Нови Пазар. Тој, наводно, одбил да се предаде и пукал во полицајците кои возвратиле.

Рамовиќ е во бегство од крајот на јуни. Рамовиќ беше станодавец на џихадистот Милош Жујовиќ, кој на 29 јуни тешко го рани полицаецот Милош Јевремовиќ со самострел пред израелската амбасада.

Тој претходно беше осуден на 13 години и 6 месеци затвор за вооружен судир со полицијата во населбата Трнава во Нови Пазар. Тогаш беа уапсени уште 14 соработници на Рамовиќ.Тие беа обвинети за планирање на убиството на тогашниот муфтија Муамер Зукорлиќ, како и за подготовка на терористички напади во Белград и во Нови Пазар. По отслужувањето на казната беше активен на социјалните мрежи.

Според неофицијални информации, С.Р по излегувањето од затвор бил познат како лидер на вехабиите во Санџак.

Back to top button
Close