Прислушкувањето застаре, Мијалков слободен, на адвокатите и прислушкуваните ќе им плати државата

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата.

Обвинителите се надеваат дека овој предмет ќе продолжи во делот на уништувањето на опремата со која незаконски се прислушувале граѓаните, но со преквалификација на кривичните дела, како што налагаат измените на КЗ што ги донесе оваа власт.

Оттаму, сега сите оштетени (прислушувани) граѓани, кои своите права ќе сакаат да ги добијат во граѓанска постапка, отштета ќе може да бараат од државата. Нема обвинети и осудени за прислушувањето – нема од кого да се бара обесштетување.

Штетата ќе ја плаќа државата, т.е. ние граѓаните.

Но граѓаните после оваа штета со измените на КЗ иницирани од СДСМ, ќе треба да ги обесштетат и Мијалков и останатите обнвинети. Ако побараат, ќе треба да им се исплатат сите адвокатски трошоци, сите пари што ги дале за вештачења за одбрана, сите денови поминати во притвор

 

Back to top button
Close