Приведен маж од Гостиварско, крадел злато од куќата на својот татко

М.А. (31) од гостиварско село, кој се сомничи дека изминатите два месеца, во повеќе наврати, од куќата на својот татко одзел златен накит вреден 50 до 60 илјади евра, денеска е лишен од слобода.

Како што соопшти МВР, приведен е од полициски службеници на СВР Тетово околу 16 часот.

Златото било сопственост на неговата сестра, а М.А. го продавал на други лица. Кражбата денеска во 15 часот ја пријавил таткото.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close