Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп

Полицијата денеска го привела раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен како зема мито.

– Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени. Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР за МИА.

Премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи во телевизиско гостување, рече дека раководителот бил фатен во земање мито за документи од странка.

-Ние сите деновиве тажиме, а тој мртов ладен се договара за 13 000 евра, ги зема и никому ништо, рече Мицкоски, алудирајќи колку длабоко и насекаде е навлезена корупцијата во земјава.

Back to top button
Close