Приведен скопјанец во Охрид

Во Охрид приведен е Е.Н. од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека денеска во 14:40 часот на бул.„Туристичка“, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.Н. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Back to top button
Close