Приведени 15 граѓани во станицата Бит Пазар, шетале во полициски час

На подрачјето на полициската станица Бит Пазар, вечерва од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„МВР продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со ковид-19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот“, се наведува во соопштението

Back to top button
Close