Пробиштип има три активни случаи на коронавирус

– Пробиштип има три активни случаи на коронавирус. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска информираше дека на седница на Општинскиот кризен штаб е разговарано токму за актуелната состојба. Двете новозарзени лица, кои се евидентираат во денешниот здравствен билтен се вработени во детска градинка во Пробиштип, а се откриени по скрингот на вработените.

Во текот на вчерашниот ден во нашата општина повторно имаме едно заразено лице, а денеска се потврдени уште два случаја на заразени лица со коронавирус, сите три лица и нивните контакти од епидемиолошката анкета се ставени во изолација, вели Анастасов.

Посочи дека на седницата од надлежните претставници од институциите било презентирано дека генерално се почитуваат мерките за заштита од страна на граѓаните и институциите, со мали исклучоци за непочитување на мерките односно за неносење на заштитна маска за лице. Но, по повод претстојниот празник за викендот упати апел до граѓаните.

Со оглед на тоа дека денеска и на ниво на државата имаме голем број на заразени, а притоа ни претстои и верскиот празник Задушница, апелирам строго да се почитуваат мерките за заштита, граѓаните доколку одат да ги посетат гробовите на своите блиски, тоа да го направат во круг на најтесното семејство и притоа да се воздржат од традиционалното разменување на храна, да носат заштитни маски и да ги почитуваат мерките, вели Анастасов.

Стручно оперативната група на Општина Пробиштип продолжува со редовното спроведување на оперативниот план во дел на заштита на граѓаните и редовна дезинфекција на јавните површини.вдј/са/

Back to top button
Close