Професорке, не ве давам никому, вие сте сега единствена моја претседателка

Актерот Владо Јованоски најде за потребно да и стави забелешка на претседателката Гордана Силјаноска Давкова, за вордингот што таа, или некој од нејзиниот тим, го употребил во соопштението, по средбата со режисерот Дарко Митревски во вилата “Биљана” во Охрид.

Јованоски, како што јас го читам, нема ништо Силјаноска да се сретне со Митревски,иако, не мy е по воља што тоа било во вилата нна Тито, ама, вели, се прашува, како тоа Силјаноска во соопштението за јавност да ги употреби токму оние зборови, со кои режисерот, за каузата и лично за него, се исмејувал во “Нова Македонија”.

Најави и второ продолженје! И бидна – второ продолжение, навистина, многу татктички – дипломатско, во однос на Гордана, ама важни бидна!

Ако може Владо, што да не, можам и јас. Иако јас сум никој и ништо, само повремен пријател на ценетата професорка, ама Владо не е кој да е и што да е во ВМРО ДПМНЕ. Неговиот глас се слуша, одзвонува надалеку. Тој е еден од првоборците против, вели, “пучот во парламентот”!

Додуша, јас не и забележувам ништо на Силјаноскa, ме почитувала и ја почитувам, кафе сме испиле под муренката во Охрид, со Стева мој, сум ја немал таа чест!

Како и да е Гордана е моја претседателка. И не сакам, за доброто на сите нас, никој да ја манипулира. Не ги знам нејзините советници, уште помалку нивните намери, но, за она што добро го знам – сакам да ја заштитам. Ова најисккрено и од се срце!

Не тврдам, ама, ете, нека биде – макар и нескромно, за себе мислам дека сум еден од подобрите познавачи на приликите и неприликите во соседна Албанија. Како новинар на Танјуг (нека ме извини Владо – не реков титов Танјуг!), од македонските и тогаш југословенсмкиѕте новинари, прв влегов како изваестувач, уште во 1989 година.

Сали Бериша ме фали дека токму јас сум бил првиот странски новинар со кој тој беше направил интервју. Можеби е така, незнам. Но, знам дека, мојата фотографија, заедно со извештајот, се тие што први го обиколија светот. Мојот филмуван извештај, за рушењето на шупливиот монумент на Енвер Хоџа, вели тогашниот директор на МРТВ, Тихомир Илиевски, му донел десет назад од евровизиската размена.

Кога бевме учка со Бранко Црвенковски, за инат од Наташка Савова, мојата прва владина обврска беше да работам на подоготовката на средбата со Фатос Нано во Пустец. Претходно, јас направив радио станица за тамошните нашинци (едно триесетина илјади тогашни дојчарки!), се разбира, на македонски јазик, во договор и по предлог на тогашниот наш амбасадор Ристо Никовски.

И веднаш, тyка сме: драга Претседателке, ако сакаш да ги знаеш состојбите, маките на нашинците во Пустец и цела Албанија, ете ти го Ристо Никовски. Јас веќе напишав дека етничките Македонци таму во господин Никовски гледа жива икона која се движи!

Еве, веќе е читливо дека и јас се занимавам со едно соопштение од кабинетот на Претседателката, она за средбата со претставниците на Македонците во Албанија.

Се разбира кој сум јас, да забележувам со кого се сретнала Претседателката и какво соопштение испратила. Арно, ама, исто како и на Владета, и мдене ми запнаа в око зборовите од соопштението, кои, не ми изгледаат како соодветни на составот од присутните, кој и да ги стокмил така.

На прв поглед, би требало тоа да е шефот на дипломатијата, Муцунски. За тоа момче имам само најубави зборови. Говори течно, разумно, чисто литерратурно, да ти е мерак да го слушаш. Ама, сега тој е првиот дипломат. Дипломатијата,пак, си има свои узански, си има свој протокол.

Е, токму, тука е “камчето што ме боцка во чевелот!”.

“Па чему!”, во тоа шарено друштво, и мојот имењак Веле, а, не имењакот на татко ми Ристо? Колку јас знам, тој нема некое официјално својство. Можеби повторно ќе го праќаат во Тирана, а, не би им советувал. Добро знам како помина првиот пат, колку долго го чекаше агреманот?

“Па чему!”, во соопштението, дека делегацијата била од Македонци од Албанија, кога, не е така. Колку што јас гледам, од нив само еден живее во Албанија. Сите останати: кој во Охрид, кој во Ресен, која во Битола.…”Куд кој, мили мој“!

Зашто така моја Претседателке? Кој ги одбра, колку што јас ги знам состојбите, тука, освен еден, нема лица со некаков официјален статус. Таквите се други, тие живеат во Албанија, нивната матица е претседателот на единствената политичка партија на етничките Македонци. Зошто токму тој е изоставен?

Зошто не ви кажале дека со законското решение за невладини организации, од 2008 година, асоцијациите кои наводно ги претставуваат поканетите гости, не постојат, не се пререгистрирале!!!

Се пререгистрирале и постојат само “Илинден” од Тирана, “Сонце” од Корча, “Прегор” од Поградец и “Мост” од Требиште, Голо Брдо. Освен господинот од Требиште (koj realno postoi!) сите други – дами и господа НЕ ПОСТОЈАТ!!!

Додуша, постои уште еден господин, но тој нема ништо со македонските здруженија и асоцијации. Тој е претседател на албанска политичка партија, на огранокот во Пустец од партијата на поранешнкиот албански претседател Илир Мета!

Зошто вашите советници, заедно со шефот на дипломатијата, од Вас направиле мета за таргетирање? Вие сте и моја Претседателка. Јас тоа не го дозволувам. Во групата имате едно лице од Тирана, за кое никој не знае кого тој го претставува?

Дипломатскиот протокол, колку јас имам познавања, вели дека со делегацијата требало да биде и нашиот дипломатски претставник во Албанија, во Тирана. Ако не можел амбасадорот, ако бил во Скопје на “консулто!”, можел тој до него да дојде!

Колку јас следам, нашинците во Пустец, реагираа на соопштението и составот на делегацијата. Особено на контекстот – прием поврзан со пописот во Албанија, во кој излегоа Бугари како од инкубатор, а Македонците ги снема, испарија на жешкото сонце!

Тие по социјалните мрежи пишуваат, дека, токму повиканите со прст не мрднале за да не бидне така како што бидна, ниту пак отишле да се попишат!!! Сите си биле, кој по дома, кој понадвор, кој на работните места во Македонија!!!И не со мистрија и лопата, туку со компјутер во Македонската царина!!!

Звучи чудно, ама така е. Ако може градоначалникот на Пустец, некогашноиот, да живее во Ресен,а да граданачалникува во Пустец, зошто не би можела и госпоѓа, ете си која, да работи во Битола, а да ги претставува Македонците во Албанија!?

Не ми влегува во глава, како, Вашите советници, Тимчо и другите, ги изоставиле, токму оние, кои, во повеќе наврати, за време на пописот, писмено реагираа до албанските власти и странските амбасади за мешањето на Бугарија.

После завршувањето на пописот македонската партија направи посебен извештај за пописот во Албанија и мешањето од страна на Бугарија и делегација на партијата појде во Советот на Европа во Стразбург и во Европскиот парламент и Европската комисија каде на сите средби беше претставен овој извештајот!

Исто така, овој извештај беше доставен и до Високиот комесар за малцински права во ОБСЕ како и до Комитетот за елиминација на расна дискриминација-Канцеларијата на Обединетите нации во Женева.

Македонската партија и грчката партија во Албанија заедно со сите осум постоечки малцинства во Албанија без бугарското, минатата недела во Тирана потпишаа заедничка Декларација со која бараат нов попис под меѓународен мониторинг.

Како и да е, нешто не ми штима со делегацијата и соопштението. Направете проверка. НЕ ВЕ ДАВАМ НА СЕКОГО ПРЕТСЕДАТЕЛКЕ!

Во името на фалбата дека имам најубава внука на светот (хотел “Џорџ”-Грција, а и каква би била при комбинација: Велмеј-Црвена Вода!?), во името на испиените кафиња под муренката, во името на честа што ми ја направивтре во МАНУ, кога, ве претставив како “сопругата на мојот другар Благоја!”.

Сето тоа, сега е минато, вие сте, ПРОФЕСОРКЕ, сега, ЕДИНСТВЕНАТА МОЈА ПРЕТСЕДАТЕЛКА!

Веле Митановски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close