Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска

Back to top button
Close