Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани.
Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за август е исплатена во индустријата за вадење сурова нафта и природен гас, во износ од 2.207 евра.
Најниска плата, пак, е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 861 евро. Споредено со просечната месечна плата за август во Хрватска, која изнесува 1.324 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец е за 189 евра повисока