Првиот, но важен чекор е направен – Костадинов ја поздрави оставката на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица

Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира“, коментира ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за оставката што ја поднесе претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски

Поранешниот градоначалник на Струмица од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски, да поднесе оставка од партиската функција.

Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на СДСМ во Струмица / Фото: Архива

Костадинов оцени дека првиот, но важен чекор кон реформи во партијата е направен.

„Ја поздравувам одлуката за избор на нов претседател на СДСМ Струмица. Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира! Нема повеќе време за чекање и калкулации. Време за нова енергија на терен и враќање на довербата, но и со нова програма на реална основа!“,пишува Костадинов во објава на Фејсбук.

 

Претходно денеска претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, објави дека поднел оставка од партиската функција и ја доставил до лидерот Венко Филипче. Одлуката, како што вели Даскаловски, е донесена со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини.

 

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close